Искршени светилки од улично осветлување во Делчево

Од:

Непознати сторители утринава ги искршиле скоро сите светилки покрај пешачката патека на потегот од зградата на „Далија табак„ во Делчево па се до влезот во селото Свегор.

– Овој невиден бандитизам е пријавен до сите надлежни институции и до органите на прогонот, се вели во соопштението до јавноста упатено од Општината Делчево.

Преку социјалната мрежа Фејсбук Локалната самоуправа упати апел до граѓаните на секој можен начин да помогнат во расветлувањето на овој вандалски чин и сите информации за евентуалните сторители да го пријават во полициската станица.

Граѓаните на Делчево и Свегор се згрозени од вандализмот, што по втор или трет пат се прави на електичните светилки покрај пешачката патека по која секојдневно рекреираат стотици граѓани, а ја користат и учениците од селото што посетуваат настава во основните и средните училишта во Делчево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд