Искршена таблата на објектот на Подрачното оддление на Државниот архив во Струмица

Од:

Синоќа е е искршена таблата на Подрачното одделение на Државниот архив во Струмица, која е неодамна поставена и е испишана на македонски, албански и англиски јазик.

На местото на настанот увид врши полицијата, а до парчињата од таблата може да се забележи камен, со кој најверојатно е искршена.

Според директорот на Завод Музеј-Струмица, Ацо Манински, таблата во саботата вечерта била испрскана со спреј, а кршењето е извршено синоќа.

Информира дека во непосредна близина на таблата постои заедничка чуварска служба, која вчера пријавила дека таблата е испрскана со спреј, но не е забележано кршењето на плочата.

Вчера во Струмица се случи уште еден вандалски чин, кога на плоштадот „Гоце Делчев“, засега непознат сторител искршил клупа за седење и дрвце.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски