Исклучените пратеници во последните клупи

Од:

Прераспределба и реорганизација на пратеничките места се подготвува во Собранието по ситнењето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Иако сè уште официјално нема формирано нова пратеничка група, извори од собраниските служби велат дека се очекува последните редови од собраниските клупи да ги пополнат седумте пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остануваат во првите редови, но веднаш зад нив ќе треба да отстапат места за „довчерашните“ сопартијци. Столче до нив, најверојатно, ќе има и пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ, која заедно со Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Елизабета Канческа-Милевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ, кои, според најавите, ќе функционираат како нова пратеничка група. Иако најавија дека до крајот на неделата ќе се изјаснат како ќе дејствуваат, според информациите на „Макфакс“, тие сè уште се координираат по што ќе го известат претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти и пратеникот Панчо Минов, кој за „Макфакс“ изјави дека ќе продолжи да дејствува како опозициски пратеник од ГРОМ, без да прецизира дали ја остава отворена можноста и тој да им се приклучи на осумте пратеници од опозицијата, кои го поддржаа предлогот за пристапување кон измени на Уставот.

Со формирање посебна опозициска група, за која, според Деловникот на Собранието, се потребни најмалку петмина, треба да дојде и до нова распределба на членовите на комисиите, како и до нивна вклученост во координативните состаноци кај спикерот Џафери. Како што вчера изјави тој, нема рок до кога пратениците треба да го информираат за својот статус, но официјализирањето на новата пратеничка група се очекува да биде веќе в понеделник. Сликата ќе биде уште појасна в среда за кога е закажана седницата за пратенички прашања.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза