Искасапен Паркот на новинарите

Од:

Сеча на дрвјата и во Паркот на новинари спроти зградата на некогашно НИП Нова Македонија.

Дрвјата овој пат не се ниту стари ниту исушени, туку со здрави и богати крошни, така што не е јасно зошто се уништува ова парче зеленило, кое е единствена сенка во овој дел на Скопје.

10897095_634132953389956_3188741179574393575_n

Во паркот до пред извесно време кампуваа средношколците кои го користеа како привремен дом за да го искажат својот протест кон Министерството за образование и наука. Тополите се исечени од страна на „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје.

11427726_634133050056613_7885735873403577796_n

Градските власти, инаку, планираат на местото на паркот да изградат кружен тек на два нивоа, но откако ќе се изгради подземниот булевар кој ќе поминува под Музеј на Град Скопје и ТЦ Рамстор, тунел кој треба да ги поврзе некогашна Бихаќка со булевар Мајка Тереза.

11403493_634133120056606_3872360658393222523_n

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за нелегална сеча, штета од над два милиони денари

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски