Исијанова: Здравство да каже зошто не работат двата апарати за вршење анализи за заболени од хепатитис

Од:

Само во дијагностичкиот центар во МАНУ во моментот можат да се извршат потребните анализи за заболените од хепатитис Ц, вели Розалинда Исијановска, претседател на невладината организација „Хепта“ од Скопје.

Апарати за писиер анализи има и на Институтот за Јавно здравје и на Универзитетската клиника во Скопје, но тие не работат, што е огоромен проблем за оваа категорија граѓани, вели за А1 професор Исијановска.

„Такви апарати има и во Институтот за јавно здравје во Скопје и на Инфективната клиника во Скопје.Но поради скапите делови и високите финансиски средства потребни за нивно одржување тие апарати не работат. Работи само апаратот во МАНУ. Имаше и еден период кога МАНУ имаше распишано тендер и ја менуваа фармацевската куќа и три месеци немавме никаква дијагностика и таму, а без таков центар заболените неможат да функционираат“, вели Исијанова.

Исијанова вели дека центарот во МАНУ е невозможно да ги опслужи сите пациентит од земјава.

„Се чека и подолго време на ред. Иако нема листи на чекање, се чека на утврдување на неопходната терапија за лекување. .Одговорот зошто апаратите не работат и зошто не се ставаат во функција треба да го даде министерот за здравство. МАНУ е научна дејност, а не здравствена дејност. Во еден период кога директор на институтот беше д-р Положани тој го активираше апаратот и тој работеше. Не е само да го имаме апарарото ,треба да има и обучен кадар, а во Институтот за јавно здравје има обучен кадар. Напори се правеа и за време на министерот Бујар Османи“, вели Исијанова.

Исијанова посочи дека постојано испраќаат писма до Министерството за здравство. но барем за сега нема резултати. Во Македонија годишно се регистрираат околу 250 лица со Хепатитис Б, 90 лица со Хепатитис Ц.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот