Исчистени коритата на Брегалница и Лакавица во Општина Штип

Од:

Општина Штип заврши со чистење на коритата на реките Брегалница и Лакавица.

Како што информира денеска раководителот на Одделението за инспекциски надзор Тоше Ѓорѓиев, со акцијата беа опфатени околу пет километри долж коритата.

– Се извадија средореците и падната маса која го попречува нормалното одводнување на Брегалница, особено при зголемување на водостојот. Се средија целото нејзино корито и критичните места на Лакавица. При доаѓање на големи води нема да имаме проблеми со излевање од коритата, рече Ѓорѓиев.

Според него, при поголеми водостои на реките, акциите за чистење придонесуваат за заштитата на имотите на граѓаните кои се покрај речните корита.

– Изминатите седум до осум години, колку што трае владиниот проект за чистење, се покажа дека таму каде што речните корита се навреме исчистени и санирани, нема проблеми при надоаѓање на поголеми води и поплави, рече Ѓорѓиев.

Акцијата за чистење на двете речни корита чинеше еден милион денари, а Министерството за животна средина обезбеди 2.000 литри нафта.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“