Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Од:

Денес околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези на патот кон Вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално, телото било во провалија, а на патот било оставено возило марка „Поло“.

Неофицијално, станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.

Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „Фолксваген поло“ со регистарски таблици СК-3104-АО. Тој бил облечен во кошула и панталони, а семејството бараше помош преку споделување на фотографија на социјалните мрежи.

Безживотното тело е предадено во Судска медицина, каде ќе се изврши обдукција.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски