Случаен минувач вчера доцна попладне пронашол човечки труп во близина на кочанското село Прибачево, на местото викано Сокак до брегот на реката Брегалница, за што веднаш ја известил полицијата.
Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за 66-годишната Лазарника Трајановска од Виница, која на 25 февруари била годинава е пријавена за исчезната.
По наредба на извршен судија од кочанскиот Основен суд, телото на починатата Трајановска е дадено на обдукција.