На 30.03.2013 година, околу 09,30 часот, во Скопје во населба Лисиче на кејот на реката Вардар, пронајден е женски леш. Смртта е констатирана од страна на лекар, а по наредба на Истражен судија, телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
По преземени мерки од страна на СВР Скопје утврден е идентитетот на лицето, станува збор за Роза Р.(58) од Скопје, која била пријавена за исчезната на 28.03.2013 година.