Исчезна внукот на Љубе Бошкоски – пријателите се сомневаат дека е киднапиран

Од:

Внукот на Љубе Бошкоски исчезнал пред два дена и му се губи секаква трага. Исчезнувањето на Самоил Костадиновски било пријавено и во МВР.

Во соопштението од МВР стои само дека е исчезнато 26-годишно лице.

– На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат кусо МВР.

Самоил Костадиновски е син на братот на сопругата на Љубе Бошкоски

На социјалните мрежи беше објавен и апел за помош од граѓаните. Во објавата се вели дека се сомневаат дека Костадиновски бил киднапиран. Бидејќи исчезнал во близина на Чешката амбасада откако таму го оставил своето возило и заминал во возило со други луѓе кои го чекале таму. Телефонот му е исклучен. Сепак, оваа објава набрзо беше повлечена.

Би можело да ве интересира

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице