Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Од:

Од амбасадата на Кралството Белгија на 18 септември е пријавено дека исчезнал Ј.M.(72) од Белгија, информира СВР Охрид.

Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење.

Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – велат од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На митинг во Белгија шест лица се тешко повредени

Идетификуван скелет на македонски државјанин исчезнат во Брисел пред 22 години

Катерина Ѓуровски

Планинар изгубен на Пелистер, акцијата во тек

Предраг Петровиќ

Белгија контра планот за користење на руските милијарди

Вевер: Не може да се бара невозможното од нас

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски