Исценирана дестабилизација од Мицкоски, не паѓајте на провокации: Ахмети на средба со бугарскиот амбасадор

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово го примил бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, на која, како што информираат од ДУИ, размениле мислења за Коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет итн.

Ахмети, како што се посочува во соопштението, најпрвин го образложил духот на Охридскиот договор со тоа што го информирал амбасадорот за нацрт-платформата за легитимитет подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и ПИЛПГ, како и за мислењата на локалните експерти.

Лидерот на ДУИ го информирал амбасадорот за активностите што партијата и „Европскиот фронт“ ќе ги преземаат во одбрана на легитимитетот од септември на средби со граѓани.

Соговорниците, се наведува во партиското соопштение, се согласиле дека Коридорот 8 е регионален и евро-американски приоритет и посочуваат оти Владата без одлагање треба да ги продолжи проектите за патно и железничко поврзување.

-Истовремено, Ахмети истакна дека ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за дестабилизација за да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали. ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин инсцениран обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не потпаднат на провокациите на владата без етнички легитимитет, се вели во соопштениетои на ДУИ.

Ахмети потсетил на ветувањето на Коалицијата „Влен“ за изгласување на уставните измени за шест месеци и потенцирал дека ДУИ останува посветена на евроинтеграциите.

Би можело да ве интересира

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја

А1он

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

За Мицкоски одлуката да се запре постапката за набавката на мазут е „скандалозна“, очекува Вишото обвинителство правилно да ги разгледа фактите