Српската и македонската православна црква нема да преговараат за регулирање на статусот на МПЦ се додека Јован Вранишковски не биде ослободен, кажа српскиот патријарх Иринеј.
Тој во интервју за бугарската телевизија изрази подготвеност за продолжување на разговорите за регулирање на македонското црковно прашање, но кажа и дека тоа нема да биде можно додека Вранишковски е во затвор.
„Додека ариепископот Јован Вранишковски е во затвор, не може да се разговара“, рече Иринеј и додаде дека поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан му ветил дека „тоа прашање ќе се реши“-но тоа не се случи, изјави Иринеј.
„Ние до вчера бевме еден народ, зашто да не направиме нешто што позитивно ќе делува на нашите два народи. Ако се држиме до инаетот, нема многу да придонесеме за тоа“, рече Иринеј и додаде дека обвинението против Вранишковски е „измислено“.
Патријархот Иринеј оцени дека православните народи на Балканот треба да си помагаат едни на други, а за односите на бугарската и српската православна црква рече дека се добри.