ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ има највисок рејтинг меѓу политичките партии со 27 проценти, зад неа се СДСМ со 13, ДУИ со 11 проценти и ДПА со 4 проценти, ова се резултатите на анкетата, која пред официјалното објавување, ја презентираше државната агенција МИА.

Овие проценти произлегуваат од теренската анкета што ја спроведе ИРИ во втората половина на минатиот месец и се резултат на одговор на прашањето за кого би гласале доколку сега би излегле на избори.

Анкетата е спроведена меѓу повеќе од  илјада граѓани на целата територија на земјата.

Во споредба со претходната анкета, ВМРО-ДПМНЕ  го задржува рејтингот од 27 проценти, додека рејтингот на СДСМ според овие анкети е во опаѓање, бил 16, а сега е 13 проценти. За ДУИ би гласале истиот број граѓани, а рејтингот на ДПА опаднал за еден процентен поен.

Како неопределени, според анкетата направена во втората половина на ноември, се изјасниле 27 проценти од испитаниците.

На прашањето доколку политичките партии би требало да бидат оценети со оценки од еден до пет по средношколскиот систем за оценува во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ добила средна оценка од 2,56, СДСМ 1,97, ДУИ 1,75. Претходно оваа оценка за ВМРО-ДПМНЕ изнесувала 2,57, за СДСМ 2,27, за ДУИ 1,93.

Највисок рејтинг меѓу политичарите и натаму има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за кого се изјасниле 20 проценти од испитаниците. Али Ахмети е зад него со 8 проценти, потоа Зоран Заев од СДСМ, градоначалник на Струмица, со 5 проценти, лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски за кого се изјасниле нешто помалку од 5 проценти од испитаниците, претседателот Ѓорге Иванов со 4 проценти и последен на оваа листа е Мендух Тачи за кого се изјасниле 2 отсто од испитаниците.

На прашањето дали мислите дека Македонија е поблиску до ЕУ од пред четири години, 58 проценти од испитаниците сметаат дека сме поблиску до ЕУ, 23 дека не сме, а 19 проценти не знаат.

Мал пад од неколку процентни поени бележи поддршката за влез во НАТО и ЕУ. Според последната анкета на ИРИ направена во ноември поддршката за влез во НАТО изнесувала 87 проценти, додека претходно таа била 91 процент. Во однос на ЕУ сега изнесува 84, а претходно била 87.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!