ИРИ: 63 проценти од граѓаните го поддржуваат СЈО

Од:

Политичката нестабилност во Македонија расте, а довербата во демократските институции опаѓа – е заклучокот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон, кој штотуку ги објави резултатите од анкетата направена на национално ниво во април годинава, пренесува Гласот на Америка.

Анкетата покажала дека 20 проценти повеќе испитаници веруваат дека Македонија е помалку стабилна денес отколку пред една година. За 12 проценти е зголемен и бројот и на оние кои се убедени дека Македонија оди во погрешен правец, споредено со јануари оваа година.

Песимизмот околу политичката состојба се чини дека е предизвикан од однесувањето на владата во врска со скандалот со прислушувањето што беше разоткриен во 2015 година, велат изработувачите на истражувањето од ИРИ. Шеесет и четири проценти од испитаниците изразиле неодобрување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на функционерите вмешани во овие превирања, а 63 проценти ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство што ги истражува случаите што произлегоа од овој скандал.

Претседателот на ИРИ, Марк Грин, резултатите ги гледа како „критичка потреба лидерите на Македонија да се фокусираат на реформи што одново ќе ја изградат јавната доверба во демократските институции на земјата“, пренесува ВОА.

Анкетата опфатила 1.104 возрасни лица кои биле интервјуирани лице–в–лице.

Би можело да ве интересира

Извештај на ИРИ, СДСМ е најтранспарентна партија

Горан Наумовски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска