ИПИС: Расте поддршката за скоро решавање на спорот за името

Од:

Иницијативата на Владата да се подобрат односите со Грција ја поддржуваат околу 57 отсто од граѓаните, додека 23 отсто не даваат поддршка. За 60 отсто од испитаниците е многу важно спорот да се реши веднаш, додека 15 отсто сметаат дека тоа не е воопшто важно. Дека спорот може да се реши наскоро – надеж имаат 49 отсто, додека 42 отсто сметаат дека спорот за името би можел да биде решен до крајот на 2018 година.

Ова го покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), спроведено во периодот од 16 до 21 декември 2017 година. Со истражувањето се опфатени 1.113 полнолетни испитаници од земјава, во кое граѓаните ги изразуваа своите ставови за соседните држави, односите со Грција, спорот за името и македонските евро-атлански интеграции.

Според анкетата 47 отсто не би прифатиле промена на уставното име за меѓународна употреба со цел Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, за разлика од 2016 година, кога 64 отсто одговориле дека нема да прифатат промена на уставното име.

Исто така, 38,2 отсто од анкетирани се изјасниле дека доколку биде постигнат компромис за прашањето за името, би прифатиле промена на уставното име за меѓународна употреба со цел Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО. Повеќе од половина или 53 отсто од анкетираните сметаат дека Македонија не би можела да биде примена во ЕУ и НАТО без да го смени уставното име, додека 27 отсто сметаат дека постои таква можност.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Орце Костов

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Се помалку Руси ја поддржуваат војната

Горан Наумовски