Интернационален џез викенд во Прилеп

Од:

На големо задоволство на прилепските љубители на најслободната музичка форма и воопшто на урбаното живеење, последните денови од месец август, 27, 28 и 29 во Прилеп се организира Џез Викенд, манифестација која нуди богата програма со настап на повеќе изведувачи од европските простори.

Овај фестивал за прв пат се одржа во 2012 година и уште веднаш се виде дека ентузијазмот е заеднички, како на публиката, така и на организаторите и учесниците на истиот.

Прилепскиот Џез викенд кој е во организација на одделението за култура при локалната самоуправа ќе го презентира музичкото творештво од светски џез размери пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските вредности и културни содржини.

Честа да го отвори овогодинешниот фестивалот, ја има македонскиот артист Емин Џијан со своето трио. Покрај него, ќе настапат: Милан Петрович Квартет (Србија), триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисии Спасов (Бугарија), руската драм енд бејс атракција Салто и алтер составот на Дарко Рундек – CUL DE SAC.

Градоначалникот Ристески ги покани сите вљубници во џез музиката да бидат дел од ова културно прилепско лето и воедно им се заблагодари на сите општествено одговорни компании кои застанаа зад фестивалот, како и на медиумите за нивната безрезервна поддршка.

Место на случување е летната сцена од Центарот за култура Марко Цепенков, влезот е бесплатен, а фестивалските вечери започнуваат од 20.00 часот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза