Интегрален текст од Договорот меѓу власта и опозицијата

Од:

1. За враќање на нормалниот политички живот:

Сите партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на закажаните локални избори.

2. За поддршка на непосредните клучни реформски мерки, вклучително и:

– Подобрување на функционирањето на Собранието, вклучувајќи ја и иницијативата на Претседателот за формирање на ад хок Анкетна комисија (која би ги разгледала, меѓу другото, настаните на и пред 24. декември, вклучувајќи ја и нивната уставност, обезбедувањето во и надвор од Собранието и преглед на собраниските процедурални правила), резултатите од кои би биле се рефлектирале во Извештајот за напредокот од страна на Европската Комисијата кој ќе биде објавен во есента 2013 година.

– Изборна реформа,по локалните избори, вклучително и во однос на избирачкиот список (на пример пост-изборна ревизија на списокот) и други препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР.

– Слобода на изразување, на пример продолжување на дијалогот со новинарите, воден од Здружението на новинари, и други мерки за изградба на довербата.

3. За изборниот календар:

– Да се обезбеди соодветно време за регистрирање на кандидатските листи за локалните избори.

– Да се оствари средба непосредно по локалните избори за да се разговара за внатрешно-политичката ситуација, вклучувајќи ги и наодите на Анкетната комисија за настаните од 24. декември, и да продолжат разговорите, со добра волја, за сите опции, и без прејудицирање за дефинирање на времето за одржување на следните парламентарни избори, врз основа на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, така што резултатите да може да се земат предвид во следниот Извештај за напредокот од страна на Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Нови детали за договорот меѓу САД и Иран: Наместо воени репарации, подготвен е огромен фонд

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Нацрт-договор меѓу САД и Иран: Отворање на Ормускиот теснец, укинување санкции и ограничување на нуклеарната програма

A1on

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски