Лидерот на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија Љупчо Ристовски, деновиве престојува во Европскиот парламент во Брисел, на Европскиот молитвен појадок. Во рамките на посетата Ристовски оствари бројни протоколарни средби со влијателни европарламентарци, со сенаторот од Велс Darren Millar, со заменик генералниот секретар на НАТО Mircea Geoana, како и со премиерот на Црна Гора, г. Дритан Абазовиќ информираат од Партијата.
– На средбите, Ристовски го претстави патот на Македонија кон членство во ЕУ, за предизвиците и заканите во процесот на евроинтеграцијата на Македонија, особено во светлината на бугарските екстремизми и притисоци врз македонскиот национален идентитет. Ристовски потенцираше дека е важно да се мобилизираат сите пријатели на Македонија и на Македонскиот народ во Европските држави и институциите на ЕУ, затоа што само целосно остварен македонски национален интерес во татковината Македонија е гаранција за мир, прогрес и просперитет на Македонија и региинот на Југоисточна Европа. Во текот на престојот се оствари и работна средба на лидерството на ECPM – Европското христијанско политичко движење и притоа се разменија информации и анализи за актуелниот геополитички моментум во Југоисточна Европа, Балканот и Македонија. Посетата е остварена на покана од поголема група на европарламентарци: MEP Peter van Dalen, Andris Ameriks, Jerzey Buzek, Michael Gahler, Andreas Glück, György Hölvényi, Ladislav Ilčić, Miriam Lexmann, Lukas Mandl, Margarita de la Pisa, Michaela Šojdrová, Charles Weimers, Željana Zovko се наведува во соопштението од Интегра.