ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија предупредува на погубниот модел на пречести менувања на Македонскиот Устав, под притисок и уцени на официјалните екстремизми од соседните држави.
– Американскиот Устав е ратификуван во 1789 година и до денес има ратификувано вкупно 27 амандмани, од кои првите 10 се ратификувани во 1791 година. Оттогаш до денес се ратификувани вкупно 17 амандмани за период од 232 години. И замислете, последниот амандман е предложен во далечната 1789 година, а усвоен дури во 1992 година, значи зреел дури 203 години. Македонскиот Устав, ратификуван во 1991 година, до денес има доживеано ратификација на 36 амандмани, од кои последниот е ратификуван во 2019 година. Значи за 28 години, имаме дури 36 уставни амандмански измени. Споредете со Уставот на Америка и проценете кај сме и до кај сме. Промените на Уставот мора да се на ниво на национален консензус, да се прифатени со плебисцит. Се’ дотогаш треба да се во процес на зреење и никако под притисок со употреба на тероризам и воена интервенција (2002), членство во НАТО (2019) или замислете, само отпочнување, но не и финално членство во ЕУ и под притисок на екстремизам на официјални влади на соседни држави, кои патем не’ не признаваат како посебен Македонски народ, посебен јазик, историја, култура…етнички идентитет. Македонскиот народ МОРА ДА СЕ ОБЕДИНИ против ваквиот погубен модел на промени на македонскиот Уставот под притисок и уцени на било кого и за било каква магловита цел, а посебно не за почеток на нешто кое е неизвесно (преговори за членство со ЕУ), без никаква извесност кога и дали воопшто ќе се завршат успешно, а без дополнителни екстремизми, нови притисоци и уцени од било чија страна. Мудроста вели: ‘…Раскажете ми ја вашата историја, ќе ви ја пророкувам вашата иднина.’. Да се прашаме сите, што ќе имаме за раскажување на нашите деца и потомци и каква ќе биде нашата и нивна иднина, ако денес, понижени, омаловажени и негирани како Македонски народ прифаќаме се’ и сешто под притисок и уцена од секого се наведува во соопштението од ИНТЕГРА.