ИНТЕГРА реагира против предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести

Од:

Македонска конзервативна партија најстрого реагира по повод предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести.

„Предложените измени во член 10 од предлог-законот се однесуваат на забараната за влез во објекти на лица кои не се имунизирани, кое во основа значи дека се ограничува правото на слобода на движење и со тоа се нарушува едно од основните човекови права. Согласно Уставот, истото е можно само во услови на прогласена воена и вонредна состојба. Оттука овој предложен член е спротивен на Уставот на Македонија“, велат од ИНТЕГРА.

„Второ, ваквиот предлог во суштина значи дека вкацинацијата веќе се третира како задолжителна, што е во спротивност со повеќе законски решенија. ИНТЕГРА е строго против вакви режимски мерки и законски решенија со содржана принуда. Таквиот пристап му дава режимски белег на законскиот предлог и го ограничува највисокото човеково право на слобода на убедување и носење на лични и семејни одлуки за децата испод 18 години граница на полнолетност, како и правото на слобода на движење независно од здравствената состојба на индивидуата“, соопшти ИНТЕГРА.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Уценувачката екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен

Предраг Петровиќ

Обезбедувањето му забранило пристап на пазарот во Велес на Ристовски: Ова го немало ни во најтемните денови на комунизмот

(ВИДЕО) Ристовски: Поголеми пензии, наместо јадење бифтеци и лешници по канцеларии, министрите сами да си плаќаат од џеб

Горан Наумовски

Ристовски од Неготино: Претседателската инвестициска иницијатива на коалицијата „Храбро за Македонија“ предвидува инвестициски бум во енергетиката

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Коалицијата „Храбро за Македонија“ до ДИК ги поднесе листите за кандидати за пратеници

Горан Наумовски

Интегра одржа Конгрес и ги потврди листите со кандидати за избори

Катерина Ѓуровски