ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија го одржа Вториот Конгрес на кој беше избран новиот состав на Централниот комитет, беше извршен реизбор на претседателот на партијата Љупчо Ристовски со нов мандат од пет години, како и беа избрани нови органи соопшти партијата.
– ИНТЕГРА на Конгресот ја потврди Коалициската формација ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА со ГРОМ Граѓанска опција за Македонија и ПЦЕР Партија за целосна еманципација на Ромите и притоа ги потврди кандидатите од ИНТЕГРА, во коалиционите кандидатски листи:ИЕ1 Ко – носител Бети Ѓорѓиевска, ИЕ2 Носител Љупчо Ристовски, ИЕ3 Носител Јордан Николов и ИЕ4 Ко – носител Веле Коцев. На Конгресот беа усвоени и Изборните премиси за Претседателските и Парламентарните избори 2024, се наведува во соопштението од ИНТЕГРА.