ИНТЕГРА: Непримерен притисок врз јавноста со ЛГБТ+ медиумски кампањи

Од:

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија, најстрого реагира и укажува на „непримерениот притисок врз македонската јавност од страна на американската амбасада во полза на активностите на ЛГБТ+ заедницата, обидувајќи се на тој начин да изврши сериозно влијание врз младата популација и да ја поттикнат да погледнат благонаклоно кон ЛГБТ+ активностите“.

„ИНТЕГРА порачува да си ги чуваат нивните ‘неприродни’, ‘противприродни’ и извитоперени безумија во приватната сфера и да престанат да ги натураат на македонското општество. Тоа е традиционално, конзервативно и во стравот Господов се држи до Божјиот узанс за човештвото: брак помеѓу маж и жена, потомство од брак помеѓу маж и жена, семејство, родители мајка и татко, пол – машко и женско…

Безумието на ЛГБТ+ и на нивните пресметани поддржувачи нека си го упразнуваат во приватна сфера. Јавниот општествен простор мора да остане во зоната на нормалното, на Божјото. Никој, па ни американската амбасада немаат право да го окупираат медиумскиот простор и да наметнуваат меинстрим безумие со разноразни медиумски кампањи и да ни ги трујат нашите деца и потомство со искривени и ѓаволски погледи на свет“, велат од ИНТЕГРА.

„Не смееме да дозволиме ‘ненормалното да станува нормално’ а ‘нормалното да е под мобинг од ненормалното’. Ова зло мора да се сопре и сосече во корен, пред се поради нашите деца, внуци и идните генерации. Наша света должност и задача е да им овозможиме на сегашните и идните генерации услови за правилен раст и развој и да ги воспитуваме во нормален и пристоен поглед на свет.

Ваквиот пристап не е никаква хомофобија, ниту пак има за цел да прати порака за забрана на нивниот поглед на свет. Напротив, слободата на убедување и делување ја сметаме за највисокото човеково право и е во согласност со нашата либертатијанска идеологија како партија.

Но, нагласуваме дека македонското општество, како традиционално и патријархално има сосема легитимно право да си одбере свој автохтон пат во согласност со конзервативните, трајни, безвремени вредносни постулати на постоење и човеков развој. Така било, така и ќе остане до крајот на вековите. Сите странични експерименти со умовите на човекот мора да бидат изолирани од јавниот меинстрим и да се задржат исклучиво во приватната сфера“, се додава во соопштението на ИНТЕГРА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристовски: Нема уставни измени под ниеден услов, треба да се забетонира македонскиот национален интерес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ристовски: Нудиме модел на власт која ќе има емпатија и разбирање за маките и страдањата на својот народ

Горан Наумовски

Ристовски со порака до двајцата кандидати за претседател: Да не се осмелат да чепкаат во Уставот, во македонскиот јазик и во државотворноста на Македонците

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ристовски: Споменот на Делчев мора да го одржиме жив, немојте да си играте со образот и честа на македонскиот народ, не чепкајте во Уставот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ристовски: Капиталните инвестиции од 700 милиони евра стануваат партнер со народот и бизнисите, ќе им служат ним за буст на творечкиот потенцијал

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

А1он