Инсталација или неисправен оџак можни причини за пожарот во Трескавец

Од:

Продолжува истрагата за причините за пожарот во кој во понеделникот изгореа конаците на манастирот Трескавец во близина на Прилеп.

Според истражниот судија Весна Пајмакоска, пожарот избувнал во просторијата од конаците што се наоѓала веднаш до камбанаријата.

Таа додаде дека за тоа се пронајдени докази и оти се можни две причини за пожарот – инсталацијата или неисправен оџак.

– Викендот имало посетители. Огнот во еден вид отворен камин бил изгаснат, но можно е да тлееле жарчиња. Оџакот не бил направен по прописи уште 1990 година кога била адаптацијата по тогашниот катастрофален пожар. Освен тоа, таа била единствената просторија која имала обложување од ламперија и лесно било да избувне пожар. Најдени се саѓи, дел од ламперијата. Сепак, ова е неофицијално и првично. Треба да заврши истрагата за конкретно да се утврдат причините, изјави Пајмакоска.

Истакнува дека се земени искази од искушеникот Калист и швајцарскиот турист кои тогаш биле единствени присутни во манастирот.

Пајмакоска појасни дека нема елаборат за заштита од пожари кога се обновувале конаците од 1990, ниту се применети мерки за заштита од пожари.

Пожарот во манастирот Трескавец избувна во понеделникот околу 14 часот. Искушеникот Калист и гостинот се обиделе да го изгаснат, но кога сфатиле дека не можат сами, случајот го пријавиле.

Истрагата за причините за пожарот продолжува.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Манастирот Трескавец се обновува според предвидената динамика

Ана Ололовска

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски