ВИДЕО: Инспекторите ќе ги празнат и затвораат кафеаните, Пауновски повикува граѓаните да бидат посвесни

Од:

Свеста на граѓаните треба да се издигне на највисоко ниво ако сакаме да се намалат бројките на заразени со Ковид-19. Ниту една инспекција, ниту, пак, полицијата може да излезе на крај ако некој сака да направи некаков прекршок. Сепак ние сме тука колку што можеме тоа да го спречиме, порача денеска директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

-Ако кај некого не делуваат казните, не знам што друго да преземеме. Тоа значи крајно немање свест кон другите граѓани, рече Пауновски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со другите институции од Инспекцискиот совет.

Со досегашното законско решение, потенцира Пауновски, немаме право да ги затвораме објектите доколку ги нарушуваат протоколите за работа и единствено можеме да поднесеме кривична пријава до јавното обвинителство или до соодветниот суд.

-Затоа се носат построгите мерки со кои ќе можеме веднаш да ги затвораме објектите до 30 дена и да изрекувама парична казна на лице место со платни налози. И овие денови додека Собранието не ги донесе новите законски решенија по кои веднаш ќе пристапуваме кон празнење на угостителските објекти и кон нивно затоврање, ние постапуваме согласно досегашната практика, односно поднесување кривична пријава по член 205 и 206 за нарушување на протоколите, рече Пауновски.

По новите законски решенија ДПИ ќе постапува веднаш откако ќе излезат во Службен весник, додаде директорот на ДПИ.

Би можело да ве интересира

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците