Инспектори во „пријателско“ убедување, Тодоровиќ да прифати кандидатура за Центар

Од:

Од министри, до актуелни градоначалници, па преку директори, ВМРО-ДПМНЕ, дознава А1,  на тест ги стави сите можни претенденти за да извагаат кој најдобро би минал во Центар контра кандидатот на „Сојуз за иднината “, Андреј Жерновски.

На ливчето  биле и актуелните градоначалници на Центар и Аеродром , Тодоровиќ и Коневски, и поранешната и сегашната министерка за култура Самоилова-Цветановска и Камческа-Милевска,  актуелните министри Јанакиевски и Кралев, првиот даночник  Трајковски.

Како најнепознато, но и најбезболно решение, за да го „изнесе“ Центар со се’ „Скопје 2014“, се споменуваше и поранешниот директор на Државната лотарија и Зоолошката градина, Кузмановски.

Секојдневно граѓаните од Центар се жалеа на анкетарите на врата или по телефон. И детално биле распрашувани, и им биле нудени сите варијанти како партиска понуда.

Но, по  првиот  круг и лошите резултати , дознаваме дека повторно топката сакаат да ја префрлат кај Тодоровиќ, кој и претходно јавно кажуваше дека нема желба и амбиција за втор мандат.

Од извори од Кабинетот на Тодоровиќ, дознаваме дека одредени кругови од власта континуирано го притискаат да ја прифати кандидатурата, па дури и во знак на „пријателско“ убедување, неговите бизниси се под удар на се’ почести контроли.

Тодоровиќ има друга агенда, но и партијата си ја тера својата , и затоа  е тежок залак.   Ако го загубат Центар, барем  тука кампањата нема да мораат да ја плаќаат.

И по цена на секојдневни притисоци, Тодоровиќ упорно одбива да ја прифати новата кандидатура, но колкава ќе биде цената и дали сепак секој има одредена температура на топење , набрзо ќе биде познато.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски