Инспектори од Центар ја стопираа градбата кај МНР

Од:

Овластен градежен инспектор на општина Центар излезе на терен за да утврди што се случува и кои се причините за големото количество вода кое се излева во ископ на градба која се наоѓа во близина на МНР. Се работи за изградба на деловен објект, чиј инвеститор е „Волис Проперт“, изведувач “Рапид Билд“, а надзор „Поинт Дизајн“, велат од општина Центар.

„Инспекторот констатирал дека фекалиите од пукнатата канализациониона цевка ги превзема ЈП “Водовод и канализација”, а водите од пукнатата цевка од атмосферска канализација одат во ископот на објектот. “Водовод” ја превзема водата, ја носи во други шахти .

Овластениот градежен инспектор на општина Центар донесе решение за прекин на градба, а инвеститорот да се пренасочи на работа на обезбедување на земјиштето и на соседните објекти. Се испитува дали инвеститорот има изготвен елаборат за заштита на градежната јама.

Овластениот градежен инспектор на општина Центар констатираше дека на местото нема табла со назнака за видот на градба и кој е инвеститор и изведувач. Од лицата од фирмата било објаснето дека табла имало, но и таа отишла со ископот“, соопштуваат од општина Центар.

Според извори на А1он, „Водовод и канализација“ дел од фекалиите од создаденото езеро ги носат на локација на скопското Кале. Во меѓувреме, фекалиите продолжуваат да истекуваат бидејќи пукнатата цевка се уште не е санирана.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија