Инспекторатот не најде ништо спорно во работата на „Жан Митрев“

Од:

Државниот санитарен издравствен инспекторат вчера извршил вонреден инспекциски надзор во болницата „Жан Митрев“ и констатирал дека здравствената дејност се врши согласно решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство.

Ова следува откако детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски и неговиот тим дадоа отказ од „Жан Митрев“ откако во февруари годинава од државната клиника преминаа да работат во приватната болница, по јавното приватно партнерство што го воспоставија Министерството за здравство и Фондот за здравство.

„Државниот санитарен издравствен инспекторат на 12.08.2019 год. изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје, а во врска со исполнување на законската обврска на здравствената установа во вршењето на здравствената дејност согласно дозволата за работа издадена од Министерство за здравство бр.22-665/3 од 01.03.2019 г. При надзорот е констатирано дека здравствената дејност во ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство“, се вели во соопштението.

Претходно, во јавноста беа изнесени сомнежи околу тоа кој ќе ги врши операциите на бебињата во „Жан Митрев“, особено оние под една година, со оглед на тоа што единствено Чадиковски има лиценца за детска кардиохирургија, додека Жан Митрев има за адултна.

Антикорупциската комисија вчера отвори предмет за овој случај.

Во денешното соопштение, од клиниката Жан Митрев велат дека ја поздравуваат иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија.

„Клиниката е отворена за соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи кои ќе бидат потребни за утврдување на вистината“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

(ВИДЕО) Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди во Македонија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Безболно на стоматолог за пациентите нетолерантни на болка

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

Прва безболна имплантација на заби во Клиника Жан Митрев

Нова компресорска станица за четири месеци, Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената фирма која се пријави на тендерот