Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Од:

Од самиот старт на епидемијата контрола врз вакциналните статуси на децата врши Министрерството за труд и социјална политика, а Државниот санитарен здравствен инспекторат нема надлежност да ги проверува децата како што тоа го препорача Комисијата за заразни болести.

– Државниот санитарен здравствен инспекторат(ДСЗИ) нема ваква надлежност да ги поверува децата. Ние може да ги санкционираме родителите кои од икс причини не ги однеле децата на редовна вакцинација согласно календарот за имунизација и преку постапка на порамнување ги повикуваме и ги казнуваме росителите. Глобитре се движат од 300 до 650 евра. Согласно законот за заштита на население од заразни болести ДСЗИ ќе врши вонредни инспекиски надзори и ќе забрани прием на деца кои не се вакцинирани со ди-те-пер вакцина тогаш кога препораката на Комисијата за заразни која е советодавно тело на министерот, стане прифатена и се донесе одлука да му се наложи на ДСЗИ да врши проверка пред овие установи – рече директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.

За месец март се предвидени само редовни инспекциски контроли во вакциналните пунктови и ќе се проверуваат опремата, просторот, дали пунктовите имаат антишок терапија, дали имаат уредна документација и дали тие списоци се испратени до ДСЗИ.

– Како ни ги испраќаат податоците, ги повикуваме родителите и имаме доста казни. Дел од родителите се сложуваат и ја плаќаат казната, но не сме го решиле проблемот и децата остануваат невакцинирани. Од друга страна има родители кои не сакаат да ја платат казната, судот им дава опомена и плаќаат трошоци. ДСЗИ ќе го чека налогот од министерот за здравство и треба да одговори дали ги прифаќа препораките од Комисијата за да се вршат вонредни инспекциски надзори со што ДСЗИ би можел да издаде решенија за забрана на прием на деца во детските градинки за оние деца што не се ваквцинирани со ди-те-пер вакцината – дополни Младеновска.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски