Инспекцискиот совет расправа за незапишаните невакцинирани првачиња

Од:

Инспекцискиот совет денеска на 140. јавна седница ги разгледува претставките од родителите на деца кои оваа година не биле запишани како првачиња. Претставките се однесуваат на работата на просветните инспектори.

Од Инспекцискиот совет информираат дека немаат надлежност да го ценат спроведувањето на Законот за основно образование или да го толкуваат и побарале од Министерството за образование и наука да се произнесат за тоа дали некој од инспекторите погрешил. Велат дека досега се уште немаат добиено одговор, а тој став од МОН им е неопходен.

Претседателот на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска пред почетокот на седницата изјави дека досега до нив се пристигнати три претставки од родители на деца кои оваа година не биле запишани како првачиња.

– Претставките се однесуваат на работата на просветните инспектори, кои постапувале по тие претставки, а родителите се незадовилни од нивното постапување. Овие претставки даваат наводи дека во минатото одредени просветни инспектори постапувајќи по претставките за незапишани првачиња, се воделе по начелото за забрана на дискриминација на децата. Додека во изминативе неколку месеци се воделе согласно одредбите на законот кои ја уредуваат вакцинацијата, односно потврдата за примени вакцини како потребна за извршен упис во основно училиште, рече Филиповска Грашкоска.

Таа појасни дека од причина што овие две работи се опфатени со Законот за основно образование, а ние, како што рече, како Совет немаме надлежност да го цениме спроведувањето на законот или да го толкуваме, побаравме како крајна инстанца од Министерството за образование и наука да се произнесе во однос на овие две прашања, односно дали некој од инспекторите погрешил и кој погрешил. Досега се се уште немаат добиено одговор, а тој став од МОН им е неопходен.

– Законот за инспекциски надзор предвидува една единствена мерка за инспекторите доколку се утврди дисциплинска одговорност, а тоа е да им се одземе лиценца, односно да останат без работа. За да бидеме целосно информирани и да ги запазиме апсолутно сите законски обврски, потребен ни е одговорот од МОН и се надеваме дека набрзо ќе го добиеме, изјави Филиповска Грашкоска.

Гордана Гоџо од Здружението од „Нас за нас“ од Скопје информира дека некои претставки се поднесени од јули годинава, а дури денеска ќе се расправа на седница на Инспекцискиот совет.

– Инспекцискиот совет може да ја одземе лиценцата на инспекторот од Државен просветен инспекторат (ДПИ) доколку заклучат дека не постапил согласно правилата и законите. За жал не постојат други мерки како намалување на плата, опмена, туку веднаш е суспензија на лиценцата, рече Гоџо. Досега има поднесено над 60 претставки од родители до ДПИ. Смета дека се работи за дискриминација при упис.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека епидемија имало и ќе има и да сме 100 отсто вакцинирани. – Никогаш не се преземени вакви присилни мерки. Колку повеќе не присилувате, толку повеќе се сомневаме, рече Гоџо.

Тања Перкова од Велес, мајка на шестгодишно дете кое воопшто не е вакцинирано и не беше примено на настава во ОУ „Блаже Конески“, изјави дека тие се еден од ретките случаи каде директорот, како што рече, одлучи со полиција да не исфрли од училиштето. Посочи дека согласно законот не добиле известување во јуни, туку го добиле дури на втори септември годинава.

– Сметам дека вакцинацијата треба да биде право на избор, а не да биде присилна вакцинација која условува и посебно го крати образованието на моето дете, рече Перкова. Додаде дека нејзиното дете сега седи дома, не оди на настава и се работи за набруталната дискриминација во државата.

Според Здружението од „Нас за нас“, во моментов во земјава има деца кои одат на настава, а некои деца на почетокот оделе на училиште, а потоа им било кажано дека не може да доаѓаат повеќе.

Би можело да ве интересира

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време

Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“