Инспекцијата на Општина Центар влезе во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ: Објектот нема употребна дозвола

Од:

„Општина Центар изврши инспекциски надзор над градбата на АДГ Бетон, чиј дел е и седиштето на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Инспекцијата, при увидот на лице место, констатираше дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако за тоа не се исполнети законските предуслови. Односно, објектот е во фаза на изградба и согласно Законот, БЕТОН не може да достави записник од надзорен орган  со кој ќе побара технички прием и упис во Катастар. Попрецизно кажано, објектот нема употребна дозвола.

Од увидот, инспекцијата констатираше дека над влезот на објектот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ има балкони и покриен дел, иако градежната маркица завршува со објектот.

Инвеститорот немал законско право градбата да ја прошири над делот кој е сопственост на Република Македонија. Според увидот, објектот излегува од границите на градежната парцела и зафаќа дел од имот на Р.М.

Инвеститорот се обиде да објасни дека од град Скопје добил дозвола за поставување урбана опрема на јавна површина, но овој дел не може да влезе во категоријата на урбана опрема.

Се работи за градба, и затоа инспекцијата на општина Центар ќе ги побара документите од град Скопје и од инвеститорот АДГ Бетон и, согласно позитивните прописи,  ќе донесе соодветни управни акти.

Од понеделник, инспекција на општина Центар повторно ќе побара од инвеститорот да овозможи увид на дел од објектот кој е пуштен во функција, со цел да констатира дали градбата одговара на одобрениот проект, доставен и одобрен од општина Центар“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски