Инспекции ја тресат општина Гостивар, за Таравари тоа е притисок од централната власт

Од:

Финансиското работење на општина Гостивар деновиве се контролира од финансиската полиција и други инспекциски органи. Предмет на контрола биле вработувањата во општината и трошењето на пари за вработените.

Инспекторите посебно се интересирале за вработените со договори. Градоначалникот Арбен Таравари ја потврди информацијата и напоменува дека станува збор за селективност и притисок на централната власт кон раководството на локалната самоуправа.

Таравари вели дека како институција не се против контролите на државните органи, но е категоричен дека не треба да се има селективен пристап.

„На овој начин старо-новата влада ја продолжува „војната од сенка“ со раководството на општина Гостивар и со тоа ги затвора вратите за институционална соработка. Наместо да ги решаваат бројните афери со рекетирање, приватизации, малверзации и да постапуваат по препораките на Прибе, тие доаѓаат во Гостивар. Кај нас има 109 вработени, а во Тетово 550 и таму не се контролира. Ни пречи таа селективност и сметам дека на ваков начин сакаат да нè заплашат, рече Таравари.

Тој потенцира дека инспекторите ги зеле потребните податоци и информации и смета дека тоа нивна должност, а доколку имаат забелешки или откријат неправилности, подготвен е да сноси одговорност.

Би можело да ве интересира

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план