Иновации во месната индустрија

Од:

„Добрите микроорганизми ја зголемуваат безбедноста на производите од месо“ е темата на денешната панел-дискусија што ја организира данската компанија Цхр Хансен.

Потрошувачки трендови во месната индустрија, Враќање кон традицијата, Добри спроти лоши бактерии – промена во парадигмата, Безбедна храна, Патогени микроорганизми во месото, Како да се означи употребата на добрите бактерии на пакувањето, се само некои од темите на кои ќе зборуваат учесниците.

– Сакаме да ги донесеме иновациите во Македонија и да ги искомбинираме барањата и очекувањата на потрошувачите за производите од месо, законските рамки за безбедност на храната и техничките аспекти при апликацијата на т.н сејф про култури, вели Мери Илиеска од Цхр Хансен.
Според неа, безбедноста во производите од месо се зголемува на природен начин со употреба на лактобацили, микроорганизми кои потекнуваат од месото. Производителите имаат можност да ги исполнат барањата на потрошувачите за поприродни, поздрави и вкусни производи од месо.
На семинарот ќе учествуваат домашни и странски експерти, професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и Институтот за храна при Факултетот за ветеринарна медицина
Цхр Хансен ја отвори првата канцеларија во Македонија во септември 2014 година на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза