Инклузивно основно и средно образование преку употреба на асистивна технологија

Од:

Здружението „Отворете ги прозорците“ во рамки на Проектот на УСАИД за е-пристапно образование денеска одржа тркалезна маса за Примена на асистивната технологија во редовното основно и средно образование, организирана во соработка со Општина Карпош.

На тркалезната маса, што се одржа во ОУ „Јан Амос Коменски“, учествуваа претставници на девет партнерски училишта, локалните власти на шест скопски општини, граѓанскиот сектор и родители на ученици со попреченост.

Целта е да овозможи размена на информации и искуства помеѓу партнерските училишта вклучени во проектот, но и да ја информира стручната и општата јавност за напредокот на учениците со попреченост кои користат асистивна технологија.

– Со поддршката на УСАИД успеавме да придонесеме во вклучувањето на учениците со попреченост во редовното образование. За некои ученици компјутерот е единственото средство да ги научат првите букви, некои од нив никогаш нема да можат да пишуваат во тетратка, но компјутерот може да биде одлична замена. Во последните четири години бевме сведоци на повеќе позитивни примери и тоа не поттикнува да продолжиме да работиме со голем елан. Информациско комуникациските и паметните технологии на сите нас ни го олеснуваат живеењето, но за овие ученици таа е единствениот прозорец кон поквалитетен живот, изјави Маргарита Гулевска, соработник за комуникации и проекти во „Отворете ги прозорците“.

До средината на овој месец планирано е да се одржат уште две регионални тркалезни маси во Виница и Охрид.

Во рамки на проектот планирани се активности за поддршка на училиштата, континуирани консултации за инклузивните училишни тимови за користење на опремата, изработка на е-пристапни учебници, прирачници за наставниците и софтверска апликација за олеснување на описменувањето (стекнување вештини за читање и пишување) на ученици со попреченост.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза