Иницијативата „Шанса за Центар“ предводена од Јана Белчева со независна листа на локалните избори

Од:

Поранешната претседателка на Советот на Општина Центар, Јана Белчева Андреевска, на претстојните локални избори ќе се обиде да обезбеди нов советнички мандат како носителка на независна листа на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

На минатите локални избори во 2017 година, Белчева, како граѓанска активистка, беше носителка на советничката листа на СДСМ во Центар, по што беше избрана и за претседавач на Советот на општината. Во мај минатата година да поднесе оставка, главно, поради несогласувања со градоначалникот Саша Богдановиќ.

Белчева, заедно со професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонтскиот факултет и Јане Димески, утре ќе ја претстават граѓанската иницијатива, за која велат дека произлегла од поврзување на „Здравје пред профит“ со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општината.

-Главна цел на „Шанса за Центар“ ќе биде Општината да се развие по мерка на граѓаните, каде политиките ќе се носат отворено и ќе бидат базирани на анализи и податоци. Квалитетот на живот на граѓаните ќе биде појдовен принцип на делување на избраните советници. Најважните заложби на „Шанса за Центар“ се потребите на граѓаните. Нивното право на чист воздух! Нивното право на безбедно и достоинствено урбано живеење. Учество во работата на општината, се вели во најавата за утрешниот настан.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата