Инфо ден на Еразмус плус во Кочани

Од:

Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Инфо денот одржан во Кочани како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

Презентери на настанот беа Сандра Кабранова, Филип Арсовски и Мила Протуѓер Анастасова, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.

Сите учесници на денешната трибина беа охрабрени да земат директно учество во трите клучни акции наменети за учењето преку индивидуални мобилности, соработка за иновација и размена на добри практики, како и поддршка на реформата на политиките кои ги покриваат сите типови на активности. Токму, програмите се со цел учесниците да се стекнат со искуства од своите врсници и колеги од цела Европа.

Како програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот.

Вкупниот буџет за ЕРАЗМУС+ изнесува 14.7 милијарди евра, зголемувајќи го претходно постоечкиот буџет за сите програми за 40%. Нуди зголемени можности за учење во странство за ученици и наставен кадар. Грантираните проекти ќе обезбедат обука за приближно 4 милиони лица и 125.000 организации.

На Инфо денот во Кочани, се покажа интерес за клучнa акција 1 – „Учењето преку индивидуални мобилности“ која создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини, подобрување на вештините за вработување и зголемување на културната свест.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Протестен „Марш на ангелите“: Овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ