Инфектолози од Инфективна клиника и болницата „8 септември“ дале отказ

Од:

Трите медицински сестри и инфектолог од Инфективната клиника во Скопје, дале отказ и ќе работат во приватна болница, кажа министерот за здравство, Венко Филипче. Тој додава дека отказ најавила и шефицата на Одделот за инфективни болести во болницата „8 септември“, д-р Патриција Каламарас. Филипче вели дека дел од нив заминуваат бидејќи се преморени, а дел имаат лични причини.

„Имам информации дека една докторка, инфектолог, веќе дала отказ на Клиниката за инфективни болести и планира да замине да работи во приватна болница. А, исто така и докторката која што го раководеше инфективното одделение во болницата „8 септември“ најави, не знам дали е формализирано сето тоа. Јас разговарав со неа, но таа е решена да замине. Таму има други двајца инфектолози, размислуваме и веќе разговаравме за начинот на кој ќе се појача тоа одделение. Засега заедно со интернистите, имајќи го во предвид овој број на пациенти кој што е хоспитализиран таму и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволни. Но, спремни сме да интервенираме со системот на ротација доколку е потребно било кое одделение да се поддржи“, рече Филипче.

Во однос на трите сестри од Инфективната клиника во Скопје, министерот вели дека тие одлучиле да заминат, а на нивно место, веќе други медицински сестри ги презеле функциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски