Инфективна е преполна, болните од Ковид-19 ќе се примаат во модуларната болница

Од:

Капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера за хоспитализација и третман на пациенти со Ковид-19 е целосно подготвена модуларната болница, со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда.

Министерството за здравство соопшти дека активно се работи на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации на пациенти со Ковид-19.

Тоа во изјава го потврди и министерот Венко Филипче кој соопшти дека од денеска во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар – доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8 Септември“. Појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да не трпат останатите одделенија и здравствени работници.

Здравствениот систем е подготвен, но од Министерството за здравство апелираат до граѓаните на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

На Инфективна почина 69-годишен пациент поради компликации од грип

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Пациентот со мајмунска сипаница е во добра здравствена состојба, вториот не се јавил на Инфективна

На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски