Имунизацијата тече без проблеми, а штипската модуларна болница една недела е празна

Од:

Сто процентен е одзивот за имунизaција во штипското село Горачино. Здравствениот тим од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип утринава во домовите на жителите на ова село со прва доза вакцинирале шест повозрасни граѓани. Дијана Коцева-Миланова одговорен лекар за вакцинација против Ковид 19 вели дека теренскиот тим денеска се во четири села во Лакавичкиот регион. Според здравствените работници активностите на терен течат без никакви проблеми, во домовите, или на пунктовите во месните заедници.

-На половина сме од теренската вакцинација на жителите од селата во штипско-карбинскиот регион. Дневно прва доза примаат од 70 до 80 жители во риралните подрачја. На пунктот во штипскиот Здравствен дом ни доѓаат околу 100 пациенти за прва доза, бе закажување. Вакцинираме со „Синовак“ и „Астра Зенека“. Додека регионалниот вакцинален пункт во салата „Јордан Мијалков“ се одвива само ревакцинирање, но и таму доколку ни дојдат граѓани кои сакаат да примат прва доза не ги враќаме, но им укажуваме дека ревакцинацијата ќе им биде на пунктот во Здравствениот дом, вели Коцева-Миланова.

Штипските здравствени работници досега имаат имунизирано над 30 000 граѓани од Штип и источниот регион.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА информира дека речиси една седмица е празна модуларната болница, немаат ниту еден хоспитализиран пациент со коронавирус. Според извештајот на Институот за јавно здравје во источниот регион има само два активни случаи и тоа во Штип, останатите градови во овој регион немаат ниту еден заразен граѓанин со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска