Имунизацијата на медиумските работници започнува од понеделник

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во координација со Министерството за здравство, минатата недела спроведоа акција за пријавување на новинари и медиумски работници за вакцинација против Ковид-19.

На повикот на ЗНМ и ССНМ се пријавија вкупно 758 лица од кои 631 ги исполнуваат условите за првата фаза во поглед на возрасната граница, хронична болест, односно активни новинари и медиумски работници. Овие лица, во најбрзо време ќе бидат контактирани од страна на претставници на здравствените власти и ќе бидат известени за точен термин за вакцинација која ќе започне од понеделник во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, се наведува во соопштението на ССНМ и ЗНМ.

Оттаму велат дека останатите 127 пријавени лица кои претежно биле помлади од 40 години или биле дел од административните служби или служби за одржување во медиумите ќе бидат земени во предвид во вториот круг на имунизација на медиумски работници, кој е предвиден да се реализира веднаш по пристигнувањето на следната пратка на вакцини што се очекува во следните неколку недели.

На овој повик, одговорија новинари и медиумски работници од вкупно 110 традиционални и онлајн медиуми од целата држава.

Во втората фаза ќе може да се пријават и сите останати новинари и медиумски работници, како и вработени во медиуми кои имаат интерес да се бидат вклучени во процесот на имунизација.

Заинтересираните новинари и медиумски работници, од понеделник 4-ти април до недела 11-ти април ќе можат да се пријават преку своите редакции со достава на список на електронската пошта: [email protected] единствено со испраќање на пополнет образец кој може да се симне тука.

Ќе се прифаќаат пријавите кои се испратени исклучиво во наведениот образец, во кој треба да биде означено одговорно лице за контакт од редакцијата. Лицата кои веќе биле пријавени да не се пријавуваат повторно.

Обврската за веродостојноста на информациите останува на товар на одговорното лице посочено во образецот за кое потребно е да биде наведени и контакт информации, се вели во соопштението на ССНМ и ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски