Имотот на „Треска“ нема никаква врска со стечајните работници

Од:

Стечајните работници од поранешната фабрика за производство на мебел „Треска“ кои бараат исплата на придонесите во период од 18 месеци и исплата на заостанати плати за период од две години, немаат никаква врска со имотот на фабриката.

Ние сопствениците на приватни парцели на имотот кај поранешната фабрика „Треска“ сакаме да ја потсетиме јавноста дека нема никаков имот во стечајната маса на „Треска“, ниту ние сме купиле имот од оваа стечајна маса. Оттука, категорично ги отфрламе тезите дека стечајните работници имаат било каква поврзаност со имотот на фабриката и дека ние како нејзини сопственици имаме обврска да ги исплатиме нивните долгови.

За потсетување, за локацијата се водеше 20 годишен судски спор по кој најголемиот дел од имотот, 92% му припадна на едно лице по пат на денационализација, додека само 8% влегоа во стечајната маса, од која беа обесштетени дел од вработените. Исплата на средства и стаж добија само вработени во „Треска мебел“, додека оние кои работеле во останатите седум друштва на фирмата „Треска“ не добиле никакви средства. Причината за ова лежи во тоа што друштвата биле формирани од „Треска мебел“, но без никаков имот.

Затоа, за сите одговори, нејасностии и исполнување на работничките права ги упатуваме стечајните работници да ги побараат од институциите и стечајниот управник кој ја извршил продажбата на оваа некогашна индустриска сила.

*ПР текст

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност