Имот на Груевски одземен со правосилни судски одлуки оди на продажба

Од:

Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека е започната постапка за враќање на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Станува збор за станови, апартмани и градежно земјиште кои му се одземени со правосилни судски одлуки.

– Со влегувањето во владина постапка започна враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Станува збор за два стана кои што се наоѓаат на ул.Бихаќка еден од 65м2, другиот од 44м2 на КО Кисела Вода 1, одземени со правосилна пресуда III KOK.бр.63/21 од Основен кривичен суд Скопје. Покрај овие два стана одземени се и три апартмани во Панорама Резиденс, како и градежно земјиште во КО Центар и градежно земјиште во КО Норово за кои што исто така, во најкратко време, ќе бидат ставени во постапка за продажба, објави на својата фејсбук страница Агенцијата за управување со одземен имот.

Поранешниот премиер Никола Груевски, против кого се водат неколку судски предмети, во 2018 година, по објавувањето на затворската казна за случајот „Тенк“, побегна во Унгарија каде што доби азил. Македонските власти по него имаат распишано меѓународна потерница.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Не преиспитуваме судски одлуки, туку ги спроведуваме – Министерство за правда за случајот Груевски

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Груевски до министерот за правда: Го гледам и не личи дека СДСМ на криминалецот Заев заминала од власт

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Горан Наумовски