Именуван нов скопски муфтија, разрешените членови најавија протести

Од:

Исламската верска заедница именуваше нов скопски муфтија Реџеп Јусуфи. Но, разрешените членови на Скопското муфтиство го обвинуваат поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи дека незаконски го сторил тоа.

-Не е избран, тој е именуван од страна на Сулејман Реџепи, без негова волја. Во комуникација со Реџеп Јусуфи сам ми кажа дека е принуден да го прифати тоа,-изјави разрешениот скупски муфтија Ибрахим Шабани.

Според Шабани и другите разрешени членови, именувањето се случило на таен состанок, одржан во четвртокот, на кој присуствувале само пет од вкупно 15-те членови на скопското муфтиство.

Разрешените членови на Скопското муфтиство, најавија дека правдата ќе ја барат на суд, а за следната недела закажаа и секојдневни протести.

-Имајќи го предвид фактот дека секојдневно имаме голем притисок од страна на верниците, оформен е Иницијативен совет кој ќе биде надлежен за координирање на секојдневните протести кои ќе имаат една цел, да му кажат стоп на најголемото зло на исламската вера во земјата Сулејман Реџепи, – изјави поранешниот секретар на Скопското муфтиство, Скендер Бузаку.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска