„Имаме верба“ вели мајката на исчезнатиот Мартин

Од:

Мајката на Мартин, 28-годишниот Македонец кој и натаму е исчезнат, од Америка пристигна во Грција за да биде присутна при потрагата по нејзиниот син. Мартин е исчезнат од саботата кога заедно со уште двајца пријатели исчезнаа носени од силните струи во водата на плажа на Халкидики.

Утрово мајката на Мартин заедно со роднините пристигнала во базата на волонтерскиот тим за пребарување и спасување OFKATH во Переа, Солун, со цел да се подготват и заедно да заминат за Халкидики.

„Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам моето дете. Многу сум вознемирена и во исчекување. Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите. Тимот на ОФКАТH е покрај нас од првиот момент и им благодарам за тоа што го прават. Имаме верба“, изјави жената за грчките медиуми кога пристигна на Халкидики.

Денеска во потрагата се користи и подводен дрон.

Пријателите на Мартин, Васил и Иван беа пронајдени и се во добра состојба.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски