Има интензивни контакти за решавање на проблемот со пожарникарите, вели владиниот портпарол

Од:

Има интензивни контакти на Градот со пожарникарите, а Владата е тука на некој начин да посредува за да се најде соодветно решение за проблемот со пожарникарите, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Тој посочи дека проблемот се провлекува повеќе од 15 години и оти долго време бил игнориран се додека на иницијатива на Министерството за одбрана не почнал да се решава преку зголемување на средствата кои од буџетот на одбрана се префрлени на општините во 2020.

-На иницијатива на Министерството за одбрана почна да се решава. Потврда за тоа е зголемувањето на средствата кои од Буџетот на МО беа префрлени на буџетот на општините во 2020, вкупно 51 милион повеќе од годината претходно. На седница на Влада во септември е усвоена информација на Министерството за одбрана и е прифатен акциски план за воспоставување на принцип на функционална децентрализација во противпожарната заштита со воведување блок дотација во секоја општина базирана на жители, територија и противпожарни единици, рече Арсовски.

Додаде дека во акцискиот план се планираат и измени во Законот за пожарникарство, но посочи дека тоа е процес кој трае и во кој треба да бидат вклучени и министерствата за финансии, за локална самоуправа, ЗЕЛС и Дирекцијата за заштита и спасување.

– Од 2022 година од тоа што го имаме како информација треба да се премине од наменски блок на додатции кои ќе се трансферираат на општините, а разликата е во тоа што наменските дотации може да се користат само за плати и надоместоци на пожарникарите, а средствата од блок-дотации оптината може да ги користи за функцијата пожарникарство и првенствено треба да се исплатат платите и надоместоците на пожарникарите, рече владиниот портпарол.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Маж паднал во бунар, го спасиле прилепските пожарникари после три часа акција

Горан Наумовски

Во Зрењанин: Дете ја заклучи мајка си на терасата, жената ја спасуваа пожарникари

Полноќна драма во Земун: Дете среде ноќ висеше на четири метри висина

Спасени се пет пожарникари кои беа обиколени од огнот во Чешиново-Облешево

Горан Наумовски