Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази во изјава за медиумите рече дека го разрешила медицинскиот директор Данил Петровски затоа што ги прекршил сите норми.
„Како е можно разрешениот медицински директор Данил Петровски да вработи своја снаа на 13.02.2024 година, ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да го вработи биологот и 18 лица кои со години се вработени овде. Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурство и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивните проблеми, тоа стана голем проблем“!
Оваа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.
Дали е ова законски ДСЗИ ќе проверува деновиве. Од минатиот четврток 18-те лица повторно почнале да извршувааат работни задачи на Клиниката, иако за дел од нив јавно беше посочено дека немаат соодветно образование.
Истите преку писмена изјава објавена од министерството за здравство изнесоа обвинувања за професорот Нико Беќаровски дека ги навредувал на етничка основа зошто се Албанци. Тој негираше и најави тужби, а зад него застанаа речиси сите лекари и најголемиот дел од вработените на Токсикологија.