Илиоски: Патронажна служба ќе им помага на стари и изнемоштени лица во Битола

Од:

„Денес ќе најавам еден проект кој како предлог произлезе од самите Битолчани, по што извршивме и конкретна анализа на реалните потреби и оправданоста.

Општината ќе формира посебен Оддел за давање помош во домашни услови на старите и изнемоштени лица и лицата со посебни потреби.

Новата патронажна служба која ќе функционира во рамките на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ и ќе ги сервисира граѓаните кои имаат потреба од домашна нега и грижа, а нивната состојба дозволува да се избегне згрижување во болница или геронтолошка установа.

Службата ќе обезбедува лична и домашна хигиена, подготвување на храна и исхрана, облекување, затоплување на просториите, придружување и обезбедување на преглед од матичен лекар, плаќање на сметки итн.

Проектот ќе чини 4.220.000 денари, а со реализација ќе почнеме на почетокот на следната година.

Во оваа прилика сакам да најавам уште една мерка на општината за подигнување на основната информатичка култура кај старите лица и лицата со попреченост.

Ќе ги субвенционираме постоечките и ќе организираме почетни курсеви за основно познавање на работа со компјутер, интернет, комуникација преку социјални мрежи и користење на мобилни апликации.

Ова е во прилог на нашата решеност општината, во рамките на своите надлежности, да биде општина на сите граѓани независно од возраста

Битола е на сите“, изјави Зоран Илиоски – Кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски