Илиоски: Нема да отстапам од планираните проекти

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Зоран Илиоски денеска оствари средба со претставници на Ромската заедница и најави решавање на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат жителите од месноста позната како „Кај чинарот“.

– Како иден градоначалник, и идно мнозинство во Советот на општина Битола ќе бидеме силен партнер во сите напори и во сите барани проекти кои треба да се реализираат и да се решат проблемите кои ги има населението од месноста „Кај чинарот“ во Битола. Инфраструктурните проблеми се детектирани и ние како Општина ќе се залагаме максимално да се решат во овој, но и другите делови на градот. Со еден збор гарантирам дека оваа ромска заедница но и другите заедници во нас ќе имаат силен партнер за решавање на проблемите со кои се соочуваат, истакна Илиоски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски