Илиоски: Ќе изградиме три нови кружни текови

Од:

„Во нашата Програма за Битола предвидуваме неколку инфраструктурни и сообраќајни мерки кои ќе значат побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ градот и истовремено намалување на емисијата на штетни издувни гасови од моторните возила.

Ќе направиме целосна промена на сообраќајниот режим согласно веќе изработената Сообраќајна студија со воведување нови еднонасочни улици.

Ќе изградиме три нови кружни текови :

На крстосницата кај Техничкиот факултет
Кај Клиничката болница и
Ветеринарната станица
Ќе направиме велосипедски патеки на улиците :

Васко Карангелевски
Партизанска
Булевар Први Мај
Сите овие мерки се стручно анализирани, точно пресметани и конкретно остварливи .

Се што ќе правиме , ќе правиме отворено, транспарентно и во постојана консултација и партнерство со вас, почитувани Битолчани. Битола е на сите“ изјави Зоран Илиоски – Кандидат за градоначалник на Битола.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски