Илиоски: Дилеми и нетранспарентност околу договорот со Бугарија

Од:

Останува помалку од еден месец до потпишувањето на договорот со Бугарија, кој Заев во Софија го најави со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а македонскиот народ нема никаква информација што содржи, изјави денеска Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Единствено се познати контурите кои ги спомена Заев, а тоа е бришење на учебниците и согласноста дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја. Што ќе се брише од учебниците по историја, дали Македонија во минатото имала своја сопствена историја и дали македонскиот јазик и официјално ќе биде признаен, останува енигма, изјави Илиоски.

Овие дилеми, продолжи тој, кои произлегуваат од нетранспарентноста на Заев го вознемирија македонскиот народ, вклучувајќи ги и членовите на ОМО Илинден кои жестоко реагираа заради тоа што биле заборавени и игнорирани.

– Овие дилеми ги разбудија и духовите во Бугарија кои целосно го негираат постоењето на Македонија и македонскиот народ. Тие веќе го протолкуваа договорот како ставање крај на македонизмот, а сиот овој атак не само што не беше демантиран, туку беше премолчен од институциите предводени од СДС, изјави Илиоски.

Посочи дека директорот на Националниот историски институт од Бугарија Божидар Димитров, вчера од Софија изјавил дека ниту МАНУ не смее да има став за договорот, особено за две точки од кои едната е менување во учебниците по историја.

– ВМРО најостро ги осудува ваквите антимакедонски ставови. Ваквите настапи се понижувачки и мора да бидат осудени. МАНУ мора да реагира и да покаже дека не е приврзок на Заев. МАНУ мора да излезе со став и околу договорот кој Заев има намера да го склучи со Бугарија. Молкот на МАНУ за вака суштински прашања, отвора простор за нови напади и нови омаловажувања. На ваквите напади мора да реагира и Министерството за надворешни работи бидејќи во прашање е угледот на државата и на врвната научна институција, изјави Илиоски.

Нагласи дека СДСМ најавуваше дебата по сите прашања, а сега целата јавност е сведок на нетранспарентност и затвореност за прашања кои длабоко задираат во историјата и идентитетот на Македонскиот народ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски